Манифестацијата „Вечери на женски права“, настан кој од 2010 година традиционално се организира на различни локации во Скопје како алтернатива за прославување на Меѓународниот ден на жената – 8ми Март, ја објави филмската програма која се организира во Кинотека на С. Македонија, од 14 до 16 мај.
Притоа се најавени проекции на три документарни филма. Влезот на проекциите е бесплатен, а во случај на дожд, проекциите ќе се одржат во кино салата на Кинотека.
14.05.2021, 20:00ч – „ФОРТЕ“,
Режија: Дејвид Донели / 2020 година / 60 мин /
Аргентина, Франција, Германија, Норвешка, Португалија, Русија, Велика Британија, САД
Форте е колажен документарен филм кој ги предизвикува популарните, но застарени поими за успех во класичната музика преку брз наратив на три жени уметници: Татјана Берман, Лусија Карузо и Елдбјерг Хемсинг. Нивните приказни се контекстуализирани со искрени коментари од некои од најдобрите светски класични музички личности, вклучувајќи ги Пааво Јарви, Тан Дан, Јо Ан Фалета и Ксенија Башмет
15.05.2021, 20:00ч – „Денот на жената“,
Режија: Долија Гавански / 2019 година / 85 мин /Велика Британија и Русија
Воодушевувачки приказни на жени од СССР – пионери и преживеани – кои ги откриваат своите животи од револуцијата во 1917 година до денес. Интимна, изненадувачка, смешна, ексцентрична, болна и контрадикторна – ова е непозната историја на рускиот феминизам.
16.05.2021, 20:00ч – “Тоа е тинејџерски свет – Вмрежени за секс, лаги и игри на моќ”,
Режија: Лин Глазиер / 2009 година / 45 мин / Канада
Внатрешен поглед на културата на сексуално вознемирување и малтретирање широко распространета помеѓу тинејџерите денес. Овој уникатен филм ја испитува цената што адолесцентите, особено девојките, мора да ја платат за да бидат кул и популарни во нашиот храбар нов вмрежен свет.
Овогодинешното издание на „Вечерите“, следејќи ја глобалната состојба со ковид-19 и здравствените препораки, се одржува во хибриден формат, комбинирајќи настани кои во текот на март се одвиваа онлајн и со физичко присуство.
Овогодинешното издание на „Вечерите на женски права“ е организирано од страна на Институтот за човекови права и Авард филм и видео, со поддршка на Град Скопје и канцеларијата на UN Women во Скопје, под глобалната тема за одбележување на 8 Март: „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на ковид-19“.