Од 18-21 јули ќе се одржи уште едно издание на „Beach film festival“ во Охрид, каде ќе бидат прикажани 7 долгометражни и 30 краткометражни филмови, комедии, драми, хорори, премиери на македонски филмови.
Голем дел од филмовите на фестивалот се селектирани и наградувани на реномирани светски фестивали како „Rotterdam film festival“, „Berlinale“, „Cannes Film Festival“.
Инаку, жири комисијата за долгомеражни филмови е составена од: Никола Ристановски, хрватската актерка Јудита Франковиќ и англискиот фотограф Џон Крејн.
Како што велат од организацијата, новитет годинава се проекциите на бродот, кој ќе плови од Охрид до плажата „Оревче“, што значи дека во текот на четирите фестивалски дена, истовремено ќе има проекции и на брод и на „Оревче“, а ќе се одржат и работилници и панел дискусии.
Од организацијата најавуваат интернационални филмови.
„Францускиот филм ‘Ангелско лице’, во кој глуми холивудската актерка Марион Котилард, потоа ‘Ние’, ‘Алекси’ и други. Фестивалот ќе го затвори македoнскиот филм кое не е во натпреварувачкиот дел, туку е во специјална селекција. Станува збор за филмот ‘Господ постои, името и е Петрунија’ на Теона Стругар Митевска“, соопштуваат од организацијата за Радио МОФ.
За музичкиот дел, организаторите ги најавуваат „Pluto’s doubts“, „Bad Copy“, „Brass Brothers“ и „June“.
Како што велат, идејата на ваквиот фестивал е луѓето да имаат организиран споен викенд во Охрид, каде ќе гледаат добар филм и ќе се журкаат на музиката.
„Филм и музика под отворено небо, покрај езеро. Зарем постои нешто поубаво? Сакавме да излеземе од кино салите каде што гледаме филмови цела зима “ дополнуваат од „Beach Film Festival“.
Околу билетите, нагласуваат тие, ќе се купуваат онлајн и во нивните продавници на „Купи карти за се’“ по цена од 150 денари и за прокеција на филм и за музички дел од ден, а 200 денари на влез. Има и пакет-карта за сите четири фестивалски дена за 600 денари.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.