Во неделата на доделувањето на Оскарите, дојде до досега невидена забуна, кога наградата за филм на годината беше доделена на продуцентите на La La Land, а вистинскиот победник беше Moonlight.
Бидејќи станува збор за грешка од досега невидени размери, барем кога станува збор за Холивуд, филозофот од Њујорк Дејвид Чалмерс смета дека ова е објаснување за сите луди нешта кои во моментов се случуваат во светот.
Според Чалмерс, ние живееме во симулација, слично на приказната во филмот Матрикс, а некој „кој ја контролира машината“ си игра со неа.
Њу Јоркер ја објаснува оваа теорија како да живееме во видео игра – симулација, како Sims или Football Manager, во кои на играчот му здосадува и започнува да се шегува со програмата за да види што може да се случи.
Ова не е само обична нова теорија најдена на „чудните страни“ на интернетот. Всушност ја имаат воспоставено значајни физичари и филозофи, а минатата година беше дебатирана на Американскиот музеј на природна историја.
„Со оглед на тоа што напредокот на интелигенцијата се чини како една константа кај живите битија – и бидејќи живите битија имаат многу поголема веројатност да се рашират низ универзумот – тогаш едно од нештата кои паметните живи битија ќе го направат, е да направат симулации во други универзуми, за да прават експерименти“.
Доколку тоа е точно, има многу поголема веројатност да живееме во фиктивен свет, наместо во вистински.
„Бидејќи ќе има еден „реален“ универзум, и безброј други симулирани светови, можноста дека живееме во една од симулациите наместо во единствената вистинска реалност се огромни“, објаснува филозофот.