Институтот за филозофија при УКИМ ја најави единаесеттата студентска конференција на тема „Филозофија на јазикот“ која ќе се одржи утре (9 мај).
Конференцијата ќе започне во 11 и ќе трае до 15 часот.
Најавени се повеќе презентации и дискусии на теми како „Средновековната формална логика за јазикот и универзалиите“, „Технологија на стандардниот јазик“, „Јазичната недофатливост на изменетата состојба на свеста“, „Ехо на стварноста“, „Јазик во движење“ и „Конфликтниот однос помеѓу музиката и јазикот“.
Како што соопштија од Институтот за филозофија, на конференцијата се пријавени рекорден број учесници.

Програма