Мерките за социјално дистанцирање поради пандемијата со Ковид-19 принудија многу луѓе да работат од дома. Минатата година 12,3% од вработените лица на возраст меѓу 15 и 64 години во Европската Унија вообичаено работеле од своите домови, покажува истражувањето на Евростат.
Ако, пак, се погледне по држави, Финска има најголем процент од вработените кои лани работеле од дома – 25%, додека Бугарија имала најмалку – само 1,2%.
На врвот се наоѓаат и Луксембург, Ирска, Австрија, Холандија, Белгија и Данска, каде во просек секој четврти вработен вообичаено работел од дома. На дното на листата покрај Бугарија, се наоѓаат и Романија, Хратска, Унгарија, Летонија и Кипар, каде помалку од пет од секои сто вработени вообичаено работеле од својот дом.
Истражувањето на Евростат покажува и различни трендови меѓу вработените мажи и жени. Минатата година поголем процент на жени вообичаено работеле од дома – 13,2%, за разлика од мажи – 11,5%.
Според возрасните групи, помладите луѓе помалку работеле од дома. Само 6,3% од вработените на возраст од 15 до 24 години работеле од дома, во споредба со 13% од оние на возраст од 25-49 години и 12,4% на возрасната група од 50-64 години.