Финска услови нов, прогресивен закон преку кој се олеснува процесот на менување на полот кај транс лицата, пренесува „Euronews“.
Премиерката Сана Марин истакна дека новиот закон се усвоил со 113 гласа „ЗА“ и 62 глас „ПРОТИВ“.
Со новиот закон трансродовите лица по полнолетството од 18 години легално ќе може да го променат полот преку процес на себе-декларирање, а повеќе нема да мораат да поминуваат низ медицински процеси и психијатриски проценки.
Законските амандмани на финскиот закон ја поништуваат одредбата со која се бараше од трансродовите лица да обезбедат лекарско уверение со кое ќе докажат дека се неплодни или стерилизирани пред владата да го признае нивниот родов идентитет.
Овој дел од претходниот закон целеше да ги сопре трансродовите лица од родителство, а трпеше постојана критика од групациите за човекови права.
„Очекувавме законот да биде усвоен, но во последните неколку недели имаше неверојатно силна кампања против усвојувањето, особено антиродова реторика“, изјави Керту Тарјамо, генерален секретар на „Сета“, најстарата финска ЛГБТИ+ организација.