Финската полиција добила поплаки од Рускиот конзулат на островот Оланд, откако двајца активисти, членови на хип хоп бенд, подигнале лажен геј бар, базиран на „Blue Oyster“ од филмовите „Полициска академија“ наспроти конзулатот, во знак на протест поради антихомосексуалните закони во Русија.
Архипелагот Аланд се наоѓа во Балтичкото море, а се работи за автономна, демилитаризирана зона во која се зборува шведски, каде Русија има официјално дипломатско претставништво.
Барот, практично изграден на руска територија, е всушност дрвена куќарка „опремена“ со весели светла и декорирана со сини букви, е подигнат минатиот викенд. Фотографиите кои се појавија по социјалните мрежи покажуваат како неколкумина активисти, облечени во кожна облека и работнички комбинезони, додека еден геј пар се бакнува.
Some wags have opened a Blue Oyster Bar on Vladimir Putin’s plot of land on Åland and dressed as gay workmen. Genius pic.twitter.com/CGNkFpPe5V
— Escape To Suomi (@EscapeToSuomi) September 15, 2015
Идејата била на шведскиот комичарски хип хоп двоец Far & Son, чии членови на локалните медиуми им изјавиле дека протестираат против прогонот на хомосексуалците во Русија, вклучувајќи го законот против „промоцијата“ на хомосексуалноста.
„Ова е чист хулиганизам“, изјавил рускиот конзул во Оланд, Михаил Зубов.
„Очекувавме поостар одговор од Русите и дека тие веднаш ќе го нападнат барот со своите проектили „Скад“, но се чини дека тие не можат да излезат на крај со Far & Son. Тие се едноставно кукавици“, изјавиле раперите.
Приближно 28.000 луѓе живеат на островите Оланд, кои се популарно летно туристичко место за ФИнците и Швеѓаните. Архипелагот се состои од околу 6.000 острови меѓу Финска и Шведска, кои имаат автономија, со свој парламент. Островите, кои низ историјата биле и дел од Русија, се сметаат за многу важна стратешка точка во Балтикот. Локалните жители се уште чувствуваат анимозитет кон Русија, а меѓу нив во изминатата година имаше загриженост дека владата на Путин би можела да направи инвазија врз нив.