Тим на физичари објавија дека слушнале и снимиле звук на две црни дупки кои се судираат на милијарда светлосни години оддалеченост, откритие кое го потврдува последното предвидување на Ајнштајн од генералната теорија на релативитетот.
Овој тон според научниците е првиот директен доказ за постоењето на гравитациските бранови и теоријата за просторот и времето која Ајнштајн ја предвиде пред еден век, пренесе Њујорк Тајмс.
Ова е потврда за природата на црните дупки, гравитационите јами без дно од кои дури и светлината не може да избега, кои беа најнеомилен дел од неговата теорија.
Генерално ова значи дека научниците конечно навлегоа во најдлабокото регистрирање на физичката реалност, каде најчудните и најдивите импликации од универзумот на Ајнштајн станувaат манифест.
Меѓународниот тим научници вели дека откривање на гравитациските бранови ќе отвори нова ера за астрономијата, пренесе BBC.
Се работи за кулминација на децениски истражувања и во крајна линија може да понуди прозорец кон разбирањето на Биг Бенг.
Гравитациските бранови се толку различни од светлината што Кип Торн, ко-основачот на ЛИГО вели дека сигурно ќе гледаме многу изненадувања во Универзумот.
„Досега го гледавме времето во вселената како површината на мирен океан. Сега гледаме бура“, вели Торн.
„Бурата“ е колизијата на црните дупки, која трае само 20 милисекунди. Во тој краток момент, генерира 50 пати повеќе моќ од сите ѕвезди во Универзумот заедно.
Таа е еквивалент на земање три ѕвезди, секоја со големина на Сонцето и нивно претворање во чиста енергија, пренесе Гардијан.
Истражувањето е направено од страна на Ligo Collaboration и ќе биде објавено во Physical Review Letters.
Извор: NY Times, BBC, The Guardian