Флеш моб: Дали мислите дека заслужувате аплауз?

На 9 февруари, на плоштадот „Museumplein” во Амстердам, Холандија, случајните минувачи кои имаа храброст да се качат на поставеното столче, добиваа аплауз. Иако врнеше многу снег, навидум неорганизирана група на луѓе беше собрана на плоштадот и во моментот кога некој ќе се качеше на столчето, сите се собираа околу него/неа со аплауз и овации.

Дали мислите дека заслужувате аплауз?

Иницијаторот на овој ненадеен настан е Arnout Visscher, кој направи спој од идејата на флеш моб и аплаузот како алатка често користена во групи за поддршка  (support groups). Така, понесен од идејата дека и луѓето кои немаат јавни и популарни професии, секако заслужуваат аплауз и признание за нивните животни достигнувања, Арноут започна да го реализира овој таканаречен „Standing Ovation” флешмоб, на јавни простори низ Холандија пред 2 години.

Дали мислите дека заслужувате аплауз?

Од кога поминаа повеќе од 10 тина случајни минувачи кои се качија на столчето, си реков: „Е па сега, мене ми е редот…Ако за ништо друго, треба да ми се даде признание за 45те минути аплаудирање на непознати на снегот. Се качив на столчето и добив гласен аплауз…Чувството беше моќно, извонредно и навистина охрабрувачко!“

Дали мислите дека заслужувате аплауз?

Ако сакате да се вклучите на оваа иницијатива или да прочитате повеќе за истата:

http://www.staandeovatie.nu                                                                                              

https://www.facebook.com/StaandeOvatie

Мила Стаменова