Групата Florence + The Machine ја споделија нивната нова песна „Ship To Wreck“. Песната е дел од нивниот трет албум „How Big, How Blue, How Beautiful“, по деби-албумот „Lungs“ од 2009 и изданието „Ceremonials“, објавено во 2011.
Во продукција на Dravs, познат по соработката со Björk, Arcade Fire, Coldplay, новиот албум вклучува и соработки со Paul Epworth, Kid Harpoon и John Hill. Албумот се очекува да излезе на први јуни.