Берлинскиот артист Florian Kupfer во петок (26 септември) доаѓа во Скопје за својот настап во клубот Капан Ан.
Florian е еден од најбараните млади претставници на германската хаус сцена, одличен диџеј и дел од реномираната издавачка куќа „Long Island Electrical Systems“ (L.I.E.S). Тој е автор и на „Feelin” – најголемиот хаус хит на 2013.
Чест гостин е во еминентните берлински клубови како Prince Charles, Chalet, Robert Johnson, Golden Pudel… неговиот звук е свежа и уникатна комбинација на класичниот њујоршки хаус звук со мрачни и минималистични асид хаус и техно влијанија карактеристични за берлинската клубска сцена.
Во 2010 е забележан од страна на Ron Morelli, кој го воведува во фамилијата на L.I.E.S, етикетата од Њујорк која изминативе неколку години се наметна како водечка етикета на модерната хаус музика.
Покрај Florian Kupfer, во петок во Капан Ан ќе настапат диџеите од скопскиот BTKRSH колектив, кој е организатор на настанот.