Во четврток (5-ти февруари) во киното Милениум премиерно ќе бидат прикажани два нови филма „Фокскечер“ („Foxcatcher“) и „Јупитер во подем“ („Jupiter Ascending“).
Во терминот од 20:00 часот, публиката ќе има можност да го погледне филмот „Фокскечер“ (Foxcatcher), базиран на вистинска приказна која говори за подготовката и настапот на еден боречки тим на Олимписките игри во Сеул 1988 година.
Филмот е во режија Bennett Miller, со Steve Carell, Channing Tatum, Mark Ruffalo во главните улоги.
Вториот новитет „Јупитер во подем“ (Jupiter Ascending), е потпишан од генијалните Andy и Lana Wachowski (The Matrix), а во главните улоги ќе ги видиме Mila Kunis, Channing Tatum, Eddie Redmayne.
Филмот е на репертоарот во терминот од 22.30 часот.