Во настан во МКЦ денеска беше промовиран новиот албум на „Фолтин“, како и видео запис за една од песните од изданието.
Албумот „Симултан Бакнеж“ се состои од 4 песни, снимени во Студио АЛШАР – Скопје, во декември 2020. Изданието беше промовирано со спот за една од песните „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман.
Воедно „Фолтин“ најавија лето исполнето со многу концерти и јавни настапи.
На 17 јули концерт во Кичево, на 25 јулви во Струга во Домот на Културата, на 29 јули во Прилеп во Центар за Култура, на 31во јули Амфитеатарот во Велес и на 22 август на плажа Оревче во Охрид. Исто така, бендот ќе гостува и на Џез Фестивал во Баснко на 8 август, а најавија и голема скопска промоција на албумот кон крајот на летото.
Инаку, фотографијата и дизајнот на омотот се креација на режисерот Ѓорче Ставревски.
Директор на фотографија е Michell Rivas, а актери се Rio Rasch и Nisha Virmani. Видео записот е снимен во Берлин.
Издавач на албумот е ОХО Продукција, продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски. Продуцент на видео записот е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Виитман и Илија Тирицовски.