На плажата Градиште 3 на Охридското Езеро вечер од 22 часот ќе започне целовечерна психоделична транс забава „Forestdelic аnd friends“.
На журката на „Forestdelic records“ се најавени авторски сетови во живо на артистите Zopmanika, Morphera и Aumni, но и диџејски сетови на Oak Tales, Melange и D.Elf.
За целосно светлосно доживување со свои ултравиолетови декорации ќе се погрижи Lunar deco.
Влезот пред полноќ е 300, а потоа 400 денари.