„Претставување на малцинствата во новите медиуми во Централна и Источна Европа“ е младински форум каде што млади луѓе од над 10 земји од Европа ќе зборуваат како медиумите во нивните земји ги претставуваат етничките малцинства.
Форумот ќе се одржи во Скопје, на 3 и 4 март, во хотелот Континентал. Тема на дискусија ќе биде и користењето стереотипи од европските нови медиуми при известување за мигрантската и бегалската криза, но и колку проблемите на лицата со телесна и/или интелектуална попреченост добиваат медиумски простор. Форумот се најавува како место за дијалог и за многу други прашања поврзани со малцинствата и медиумите.
Работен јазик на форумот е англискиот. А за учество на настанот и вклучување во панел дискусиите пријавувањето се врши на следниот линк: http://bit.ly/1Qoph3Z.