„Fossilized Modernism“ – предавање на фотографот Стефано Перего во МСУ

Во Музејот на современа уметност (МСУ) со сабота (3 февруари) од 18 часот ќе се одржи предавањето  „Fossilized Modernism“ од актуелниот милански фотограф Стефано Перего.

Според најавите, фотографот ќе го пренесе своето фотографско искуство од Ерменија, Грузија, Средна Азија, Словачка на архитектура со огромен квалитет, но непозната за светот.

„Во Скопје тој ќе го продолжи своето фотографско истражување каде ќе ги фотографира објектите од XX век и директно ќе ги презентира на светот. Неговите фотографии досега се објавени на вебсајтите Divisare, Domus, Archdaily, Repubblica.it и има одржано предавање во Стрелка во Москва.

Имаме огромно задоволство да бидеме организатори на ова предавања, ве повикуваме и на дискусија каде ќе можеме да ги споделиме размислувањата за искуствата со архитектурата од XX век“, стои во најавата за предавањето.