Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар преку „Твитер“ го најави своето заминување од државава со серијал од 30 фотографии кои ќе ги објави на социјалната мрежа.
In 31 days I’ll be leaving 🇲🇰. I’m exited to return home, but also overwhelmed with emotions of the time I’m leaving behind. In 30 slides countdown I’ll reflect on the memories of the last 4 years. 1/30 pic.twitter.com/HAUhxMVbvs
— EU Ambassador (@AmbassadorEU) August 16, 2020
„За 31 ден си заминувам од Македонија. Возбуден сум што се враќам дома, но, исто така и преплавен со емоции од времето што го оставам зад себе. Преку 30 фотографии ќе се осврнам на сеќавањата од последните четири години“, напиша Жбогар на својот „Твитер“ профил.
Жбогар е словенечки дипломат и политичар кој бил и министер за надворешни работи на Словенија од 2008 до 2012 година.
Тој на амбасадорската функција во нашата држава дојде во 2016 година на местото на дотогашниот амбасадор Аиво Орав.