[Фото] „Арт Тетово“ преку уметничка акција потсети на проблемот со патот кон Бањиче

Патот кој води кон Бањиче на повеќе места е опасен. Ерозии има долж цел коловоз, а оштетени се и потпорните ѕидови. Поттикнати од овој проблем колективот „Арт Тетово“ направи уметничка акција.

„Патот започна да се реконструира пред 4 години. Тогаш експертите предупредија дека реконструкцијата се изведува нестручно, затоа што патот се проширува долж стрмните падини на Шара кои се уривуваат, а се сечат и дрвјата што придонесува за нестабилен терен“, посочуваат од „Арт Тетово“.

Оттаму прашуваат што  уште треба да се случи за да се санираат овие оштетувања.

„Дотогаш не ни преостанува ништо друго  од тоа  ние, граѓаните да ја преземеме улогата на потпора и држејќи го ѕидот да се обидеме да спречиме поголема катастрофа“, порачуваат од уметничкиот колектив.

[Фото] Ла линеа предупредува на опасна дупка кај Бањиче