Втора година по ред се одржа трка во Белград на која учесниците трчаа во долна облека во зима, пренесува „Танјуг“. Трката започна од Белградскиот тркачки клуб, кој е организатор на настанот, по што се трчаше покрај кејот на Дунав во должина од 1,6 километри.
За една од учесничките на овој настан, трката претставува „добра терапија и динамична медитација“.
„Освен тоа, убаво е дружењето и феноменално е чувството за време на трката и самата подготовка“, изјави таа за српските медиуми.
Во оваа трка, победници беа сите кои трчаа во долна облека на температура од 4-5 степени, рече еден од учесниците.
„Очекувавме снег, но и вака беше добро“, изјави еден од учесниците.
Минатата година, група од десет ентузијасти за првпат го организираат овој уникатен настан во српската престолнина.
Фото: mondo.rs