[Фото] Целодневна дружба со плочи на Скопје Винил Конвенција

Викендов по осми пат во Скопје се одржа Винил Конвенција – настан што на едно место собира продавачи, поддржувачи, љубители, диџеи и продуценти на музика на плочи.

Куршумли Ан вчера почна да се полни околу 12 часот, а така остана до 1 по полноќ кога заврши програмата. Фановите на плочи годинава имаа прилика да слушаат сет на Easy Mo Bee, продуцент кој има работено со раперите Biggie Smalls и 2pac.

Во текот на денот на стејџот внатре диџеите се менуваа на еден час, а во главно беше рап музика, додека на стејџот надвор цел ден имаше електронска музика. Луѓе купуваа плочи, некои бараа потпис на плочите продуцирани од Easy Mo Bee кои можеа да се најдат на базарот. Дворот на Куршумли Ан цел ден беше полн со луѓе од сите возрасти.

Третиот стејџ имаше Open Decks со диџеите Oky Doky, Strajk, Drama, Mawrteen, Koushiro, Drazi Drags, Marko Simovski и Drama каде секој кој сака да се запознае со „занаетот“ на диџејство може да проба или да слушне совет.

Вечерта, пред Easy Mo Bee на диџеј пултот застана Jim Sharp од продукциската куќа „Dusty Donuts“ од Лондон. Нивното гостување во Скопје е дел од нивната турнеја „Ready To Die 30th Anniversary“.

Последниот диџеј за ова издание на Винил Конвенцијата беше Gameover кој настанот го затвори со едночасовен драм енд бејс сет.

Фотографии и текст: Ангела Бошкоска