Сојузот на математичари на Македонија (СММ) соопшти дека математичари од нивниот тим освоиле четири медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) 2022.
Оттаму посочија дека златен медал освоил Дамјан Давков, сребрен медал освоил Леонид Тодороски, додека бронзени медали освоиле Димитар Фидановски и Марко Митевски
„На ЈБМО 2022 успешно учествуваа и Марко Серафимовски и Нина Ламева. Да забележиме дека, Дамјан Давков го освои златниот медал со максимален број бодови. На натпреварувачите им честитаме за постигнатиот успех на овој меѓународен натпревар“, додаваат од Сојузот.
Истовремено, од Сојузот ги прикачија и задачите и решенијата од ЈБМО.