[Фото] Човекот кој прави уметност додека џогира

Да се направи план за џогинг во град како Сан Франциско е тешка работа. Треба да изберете безбедни улици и да ја избегнувате гужвата. Сепак еден човек, кој редовно трча, целиот овој процес дополнително го усложнил за да создаде прекрасен резултат.

Лени Моган последниве четири години своите дестинации за трчање ги претвора во уметност. Неговите движења низ градот се внимателно избрани за да создадат неверојатни илустрации кога се гледаат на мапа.

Портрет на Фрида Кало, знакот на Бетмен, вселенскиот брод Ентерпрајз, се само дел од 53-те илустрации кои досега ги направил Моган.

Ликот на Фрида Кало

Ентерпрајз

Знакот на Бетмен

Мачка

Државата Калифорнија

Тој за Гардијан изјавил дека не се смета за тркачки уметник, туку дека додека џогирал забележал слики кои се појавуваат кога ќе го видел поминатиот пат на мапата на телефонот. Неговата идеја била да направи нешто ново и оригинално.

На пример, за цртањето на ликот на уметницата Фрида Кало било потребно да истрча скоро 40 километри. Својата дестинација ја регистрира преку апликацијата Страва, а целиот процес го започнува преку едноставен цртеж на хартија.