Интензивен чад и мирис се шират од оџакот на државниот студентски дом Кузман Јосифовски-Питу во Скопје. На социјалните мрежи граѓани споделуваа фотографии и видео од чадот.
Командирот Звонко Томевски од пожарната служба во Скопје вели дека до нив немало дојава и дека не интервенирале бидејќи станувало збор за честа појава. Според него, и порано се случувало да излегува црн чад од оџакот, предизвикан најверојатно од системот за греење.
Од Инспекторатот на Град Скопје, пак, велат дека се запознаени со случајот и најавија проверка на терен во текот на денот.
Радио МОФ се обиде да побара информации од надлежните, но до објавата на веста не успеавме да ги добиеме.