Влијателниот месечник „Days Japan“ посветен на фото новинарството, кој особено внимание им посветува на фотографиите од воените подрачја во светот, ги објави имињата на наградените за 2018 година.
Првата награда за фотоновинарство жирито му ја додели на белгискиот фоторепортер Лоран Ван дер Стокт Laurent (Van der Stockt) за фотографијата „Битката за последно упориште на Даеш. Стариот град Мосул“.
Втората награда им е доделена на двајца фоторепортери: Пола Бронстајн (Paula Bronstein) за фотографијата „The unwanted, the Rohingya“ и на Карл Манцини (Karl Mancini) за фотографијата „Ni Una Menos“.
Трета награда на овој конкурс добија Озге Елиф Кизил (Ozge Elif Kizil), фоторепортер на агенцијата „Анадолу“, Ален Шредер (Alain Schroeder) и Арка Дута (Arka Dutta).