Синоќа коритото на реката „Црн Дрим“ во Струга светна во повеќе бои, во рамки на проектот за осветлување на коритото од реката, информираа од Општина Струга.
Оттаму велат дека осветлувањето се реализира во согласност со регулативата за нормативно-техничките стандарди. Во меѓувреме, додаваат дека проектот вклучува инсталација на арматура, изработена од не’рѓосувачки челик, отпорен на корозија.
„Должината на коритото е 900 м, додека арматурата за осветлување беше поставена од двете страни на коритото со должина од 1.800 м“, додаваат од Општина Струга.