Новите слики на телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА прикажуваат формирање на ѕвездите во блиските галаксии во досега невидена резолуција на инфрацрвена бранова должина.
Податоците што ги открива „Веб“ преку новите снимки даваат увид во тоа како еден од најмалите процеси во вселената како што е создавањето на ѕвездите влијае на еволуцијата на најголемите објекти во вселената – галаксиите.
Снимките се дел од истражување на НАСА што вклучува проучување примероци од 19 спирални галаксии. Во првите неколку месеци од истражувањето, Веб сними пет од тие 19 галаксии, односно „M74“, „NGC 7496“, „IC 5332“, „NGC 1365“, и „NGC 1433“ што ги воодушеви астрономите.
„Гледаме директно во тоа како енергијата од формирањето на млада ѕвезда влијае на гасот што се создава околу неа и тоа е неверојатно“, изјавил Ерик Росоловски, дел од тимот истражувачи кои работат на студијата.
Фото: НАСА