Револтирани од односот на скопските возачи и непочитувањето на младинските простори, од Првиот скопски извиднички одред на својот Фејсбук профил ја поставија оваа фотографија:
„Е ваков народ живее во Скопје, паркирана кола до само што ставена нова клупа преку цела патека која води до Образовно-едукативен објект за Деца и Млади…. Е Скопје, Скопје…“, коментираат младите извидници.
Фотографијата е направена вчера, во близина на Градскиот парк. Преку својот Фејбук профил, извидниците бараат да се зајакне јавната свест, но и да се преземат мерки против ваквите несовесни возачи.
Дека свеста за паркирањето во градот е на ниско ниво и не се почитуват правилата сведочат и следните фотографии кои изминативе неколку месеци како доказ ги објавија повеќе интернет портали: