Елка од конфискувани предмети е поставена на аеродромот во Вилнус, Литванија. Вработените на литванскиот аеродром во Вилнус ги потсетија патниците дека безбедноста е на прво место.
Елката е поставена во аулата на аеродромот и е висока метар и половина. Таа е украсена со предмети што патниците морале да ги остават зад себе за време на контролата.
„Ножеви, ножици, запалки и секакви други опасни материи – оваа елка ги има сите нив“, изјави за АФП портпаролот на аеродромот, Тадас Василијаускас.
„Ако не сакате вашите лични, сепак забранети, предмети да се најдат на нашата елка следната година, подобро е да ги проверите правилата за багаж пред да ги спакувате за вашиот следен лет“, додаде тој.
Аеродромот Вилнус годинава опслужил над 4,6 милиони патниц, според официјалната статистика објавена на веб-страницата на Lithuania Aiports.