Салата „25 мај“ во Младинскиот културен центар, вчера беше резервирана за аудио-визуелното доживување кое го приредија „Фолакзоид“ од Чиле, заедно со женскиот колектив „Жен“ од Хрватска.
Загрепскиот псај, пост-рок, инди бенд „Жен“, настапи како загревање за публиката пред хедлајнерот на вечерта.
„Супер беше, го обожавам местото, луѓето тука. Супер е звукот во МКЦ, супер звучиме кога свириме тука. Едноставно беше одлично вечерва, и концертот кој го слушав, и концертот што го свирев “, изјави Ивана Ивковиќ од „Жен“ за Радио МОФ, по завршување на концертот.
Краут-транс групата, „Фолакзоид“ на тројцата пријатели од детството, Диего, Хуан и Доминго од Чиле, по едночасовниот настап на „Жен“, ја презема сцената во МКЦ. Публиката конечно имаше можност да ја слушне нивната музика, инаку инспирирана од античкиот звук на Андите.
„Ние веруваме дека сме инструменти, и во начинот на посетителите, но, (ние) веќе немаме пристап кон музиката, туку таа има пристап кон нас.. Значи, исто како и во компјутерското програмирање, веруваме дека ентитетите се сервери, а во нив се канализираат информации. Исто така, како во компјутерското програмирање, серверите работат на ефикасност, од најголема ефикасност до најмала. Значи, вечерва веруваме дека непропустливиот магнет со голем интензитет ни овозможи сите сервери да канализираат многу ефикасна количина на гравитациска енергија. Во исто време се модулирани да ја растворуваат привремената перцепција. Затоа, нашите ‘сетови’ повеќе не ги мерам во должина, туку во длабочина, бидејќи во црната дупка, времето и просторот ја менуваат улогата“, објаснуваше за Радио МОФ Доминго Гарсија – Хуидобро од „Фолакзоид“.
По одличниот концерт во Скопје, „Фолакзоид“ од Скопје ја продолжуваат својата европска турнеја. Следни на листата се Италија, Германија и Швајцарија.
М.К.