Неверојатни фотографии во боја што неодамна беа поставени во француски музеј прикажуваат како технологијата и геополитиката го променија светот во изминатите 100 години, пренесува Радио Слободна Европа.
Музејот „Алберт Кан“ од чија збирка се дел фотографиите кои во висока резолуција го пренесуваат светот пред 100 години, се реновираше и повторно се отвори во април годинава. Тогаш беше ажуриран и дигиталниот портал на музејот, преку кој се достапни фотографиите. Станува збор за околу 72,000 фотографии кои се дел од проектот „Архива на планетата“.
Проектот бил лансиран уште во 1909 година од банкарот Алберт Кан. Тоа се случило веднаш откако автохром, првата одржлива технологија за филм во боја станала достапна.
Тогаш десетици француски фотографи биле испратени низ светот со задача да фотографираат, односно да зачуваат „еднаш и засекогаш одредени аспекти, практики и начини од човековата активност чие фатално исчезнување е само прашање на време“.
Во продолжение погледнете дел од фотографиите во збирката:
Фотографиите и текстот се преземени од: Radio Free Europe, Musée Albert-Kahn (Courtesy Image)