Меѓународниот тим што го управува вселенскиот телескоп Хабл уште еднаш сподели фасцинантна слика од вселената, овој пат од планетарна маглина.
Ретка глетка што успеало да биде снимена, овој конкретен објект, именуван НГЦ 2022, веројатно нема да трае долго (вселенски гледано), бидејќи старата ѕвезда во нејзиниот центар изгледа дека веќе исфрлила огромно количество од својот материјал, формирајќи ги двете школки видливи на сликата.
Пронајдена во соѕвездието Орион (Ловецот) оддалечено 8.213 светлосни години од Земјата, НГЦ 2022 најверојатно има исцрпено најголем дел од своите резерви на водород и веќе се проширила и почнала да блеска црвено, што укажува дека крајот е близу, бидејќи преостанатиот гас е испуштен.
Во меѓувреме, јадрото на ѕвездата се намалува и станува сè потопло, испуштајќи огромни количества ултравиолетова светлина, која ги осветлува испуштените гасови, давајќи им прогонувачки, но прекрасен сјај.
Although it looks more like an entity seen through a microscope than a telescope, this rounded object, named NGC 2022, is a vast orb of gas in space, cast off by an ageing star. Credit: @ESA / @Hubble_Space / @NASA R. Wade https://t.co/zOVXp12mnV pic.twitter.com/99opx0kIoi
— HUBBLE (@HUBBLE_space) August 12, 2019
Познати како планетарни маглини, и покрај тоа што немаат никаква врска со планети, името всушност потекнува од заоблениот и планетоиден облик на овие објекти кога првпат беа забележани од примитивните телескопи пред многу години.
НГЦ 2022 беше откриена во 1785 година од познатиот британски астроном Вилијам Хершел.
Ваквите планетарни маглини обично не траат долго, барем според космичките стандарди, ширејќи се по околу десет илјади години пред полека да почнат да се трошат и зад себе оставаат бело џуџе.