Еден ден пред Меѓународниот Ден на борбата против хомофобијата и трансфобијата, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје денеска го подигна знамето со боја на виножито, еден од најпрепознатливите симболи на ЛГБТИ заедницата.
Преку својот фан пајџ на Фејсбук, амбасадата порачува дека се приклучува на светското славење на 17 Мај – Меѓународниот Ден на борбата против хомофобијата и трансфобијата.
„Човековите права се за сите, без разлика кои сте и кого сакате!“, се вели во пораката од амбасадата.