Графичкиот дизајнер Горан Костовски – Ind.o.g. е докажан во својата професија со безброј соработки со компании и организирани изложби зад себе. Тој е третиот креативец кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации.
Тој е автор на брендот „Celebrate Life“, кој постои од 2011 година како платформа за дизајнирање на унисекс облека и разни дизајнерски предмети.
„Моите илустрации се инспирирани од секојдневието некако како визуелен презентер на градот во кој што живеам, многу често се и социјално ангажирани од тековните работи што се случуваат, а најчесто имаат за цел да не оттргнат од мачното секојдневие и да не развеселат и поттикнат да размислуваме поинаку“, вели Костовски за Радио МОФ.
Во продолжение, ви претставуваме дел од неговите илустрации:
*Доколку и ти си илустраторк/ка и сакаш да споделиш дел од твојот труд со нашата публика, пиши ни на нашиот Инстаграм профил, или на info@radiomof.mk