Михајло Тунев е дизајнер кој ни доаѓа од Битола. Изминативе две години, започнал посериозно да се занимава со правење илустрации, брендинг и UI/UX Design.
„Последниве два месеци никако не можам да се тргнам од правење на илустрации или marks од палми. Најверојатно поради летото и атмосферата околу мене“, вели тој.
Во продолжение, ви претставуваме дел од неговите илустрации:
*Доколку и ти си илустраторк/ка и сакаш да споделиш дел од твјот труд со нашата публика, пиши ни на нашиот Инстаграм профил, или на info@radiomof.mk