Намаленото присуство на луѓето периодов предизвика да се забележат и некои досега „невидливи“ животински врсти, објави иницијативата Охрид СОС.
На охридското пристаниште деновиве е забележан и Големиот Нуркач (Podiceps cristatus) фатен од камерата на член граѓанската иницијатива .
„Лебедите навлегуваат кон чаршијата, а пак други врсти се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови, зелени површини. Во недостиг на градска бучава се слуша поењето на птиците. Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме“, велат од Охрид СОС.