Фотографијата на која се гледа како извидничка од Чешка храбро се спротивставува на неонацист за време на марш во Брно набрзо стана симбол на отпорот и започна масовно да се споделува на социјалните мрежи.
На неа е прикажана 16-годишната Луси Мусликова која стои наспроти гневниот десничарски демонстрат.
Мусилкова е една од бројните извидници кои се приклучија на контра-протестите за врема на маршот за Први мај, кој го организираа неонацистите, во вториот по големина град во Чешка.
Според чешките медиуми, контра-демонстрантите биле двојно побројни од десничарите, кои биле околу 150.
Владимир Цицманец, кој ја направи фотографијата со Мусилкова за Си-Ен-Ен вели: „Таа цврсто стоеше, има 16 години, но гордо стоеше и кажа значајни аргументи“.
Цицманец, кој беше дел од контра-демонстрацијата, рече: „Сакавме да им покажеме на неонацистите дека тие не се добредојдени овде. Оваа година, контра-демонстрациите беа за да ги исмееме нацистите“.
Светската организација на извидничкото движење ја објави фотографијата на нивната Фејсбук страница со пораката: „Луѓе од сите сфери на животот, и извидниците меѓу нив, излегоа на улиците за време на екстремно десничарски марш вчера, за да ја изразат нивната поддршка на вредностите за диверзитет, мир и разбирање. Создавајќи подобар свет!“.
На последните парламентарни избори во Чешка, во 2013 година, десничарската партија „Директна демократија“ доби речиси 7 отсто од гласовите.