Од Општина Кисела Вода информираат дека рамки на роденденското празнување, покрај останатите проекти што ќе бидат во корист на граѓаните, се реализира и иновативно еколошко решение – надворешни пречистувачи за воздух.
„Пречистувачите се поставуваат во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе. Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната компанија ЕКОТИП, поставивме и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ‘Невена Георгиева-Дуња’ во сите училници“, велат од општината.
Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се работи за прв ваков проект во Македонија.
„Се работи за 5 најсовремени Filter Cube III 5 уреди за надворешна употреба кои се со ненадминливи перформанси досега. Со максимален проток на воздух на Filter од 16,625 м³/ч, обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот. Ова се многу моќни и ефикасни уреди со тежина од 1.000 килограми и димензии 94 см x 94 см x 360 кои се долготрајни и мошне тивки, кои ќе бидат поставени во парковите и каде што има голема фрекфенција на луѓе и ќе го прочистуваат воздухот“, изјави Ѓорѓиевски.