Во скопската зоолошка градина утрово се врати шимпанзото Коко, кое изминативе 10 години се рехабилитираше во Холандија од депресија.
Стручен тим од холандската организација за Застапување и заштита на животните утрово ги донесе шимпанзата Коко, Мими, Роси и Хјасл во нивното ново живеалиште.
„Моментално се во карантинскиот дел, каде што треба да се адаптираат, заедно со своите чувари од Холандија. Шимпанзата ќе имаат огромно живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити“, соопштија од Скопје ЗОО.
За нив ќе се грижат четири негуватели, а после одморот и адаптацијата, вработените кои го испратија Коко пред 10 години ќе се поздрават со стариот другар.
Фото: Скопје ЗОО