Како би изгледало кога луѓето од класичните слики би се прилагодиле на современиот свет? Ова прашање си го поставил украинскиот уметник Алексеј Кондаков, по што решил да употреби Фотошоп и да дознае.
Тој во неколку наврати објавува свои обработки во серијал насловен „Секојдневниот живот на боговите“.
Сцените најчесто се случуваат во Киев, па ликовите може да се забележат како користат јавен превоз, седат во бар, дремат на јавни простори, јадат во локалните кантини, или како продаваат цвеќиња.
Во продолжение, погледнете дел од неговите обработки: