Повеќе од 50 познати домашни и странски тату артисти создаваа уметност на кожа на втората интернационална конвенција „Skopje Tattoo Show“ изминатиот викенд во Скопје евент центар. Се собраа голем број љубители на уметноста и тетовирањето и сведочеа на демонстрирањето на уникатни техники и стилови демонстрирани од светски признати тату уметници.
„Од реалистични портрети до апстрактни дизајни, секој уметник имаше можност да го покаже својот креативен потенцијал и вештина пред скопската публика“, велат организаторите на конвенцијата.
„Skopje Tattoo Show 2024“ имаше и компетитивен карактер и беа доделени награди за најдобрите тетоважи во повеќе резлични категории.
„Покрај тетовирање, конвенцијата изобилуваше и со музички настапи, за кои се погрижија THCF, Fire Show, Sarah Mace, Mario Arsov, Oky Doky, Soul Case, Bazel, Mongo & Omaru, Vaso, Chvare, Shorty P, Flooder и Pole People“, информираат оттаму.
Сите средства од продадени билети на годинашниот ‘Skopje Tattoo Show’ ќе се донираат за организацијата Специјална олимпијада Македонија, која се грижи за лицата со пречки во развојот.
Фото: Skopje Tattoo Show