Активистите од здружението „ЛГБТИ Јунајтед“ преку транспаренти поставени рано утрово на надвозникот кај Стоковната куќа „Мост“ испратија пораки за Денот на вљубените.
„Љубовта е љубов и таа не познава националност, вера и пол! Среќен ден на вљубените“, посочуваат од здружението.
Како што велат оттаму, надвозникот на кој со години стои препознатливата фраза „Те сакам колку цело Скопје“ го избрале за акцијата поради тоа што таму се поделбите, но во љубовта нема поделби.
„Љубовта нека владее со светот“, порачуваат активистите.
Фото: „ЛГБТИ Јунајтед“