За прв пат, македонските пара алпски скијачи Зоран Јовановски и Вангел Тркаљанов, заедно со тренерите Јане Стефанов и Петар Илев, ја претставија Македонија на две престижни ФИС трки во Зурс, Австрија.
„Трките се одржаа на 7 декември. На двете трки, Зоран Јовановски го освои одличното седмо место и заработи ФИС поени, што претставува значаен успех за македонскиот пара спорт. Вангел Тркаљанов, иако не успеа да ја заврши трката, покажа храброст и посветеност, поставувајќи основа за понатамошни успеси“, вели Јане Стефанов.
Тој посочува дека претстојат уште предизвици според ФИС календарот, каде со нетрпение го очекуваaт учеството на натпреварувачите.
„Воедно, започнуваат и подготовките за предвидените кампови за пара скијање, кои ќе бидат клучни за натамошниот развој на нашите спортисти“, нагласува Стефанов.
Фото: ЗГПК Без ограничувања