Програмерот Дејвид Њубери пребарувал низ документи оставени од неговиот татко Пол, кога случајно пронашол мапа од местата кои имаат интернет во 70-тите.
Њубери ја фотографирал мапата и ја споделил фотографијата на Твитер, а оттогаш била повторно споделена околу 23 илјади пати.
Дејвид вели дека неговиот татко ја пронашол мапата додека работел како бизнис менаџер за компјутерски науки во Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, Пенсилванија.
Првите места кои биле поврзани на глобалната мрежа, измислена во 60-тите, ги имало многу малку во 1973, како што може да се види и од мапата.
Going through old papers my dad gave me, I found his map of the internet as of May 1973.
The entire internet. pic.twitter.com/0krvYoRGav
— David Newbury (@workergnome) December 10, 2016