По повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот денеска низ неколку училишта низ градовите низ Македонија се реализираа разни активности за подигнување на свеста за емпатија и мир.
Средношколци од скопската гимназија „Никола Карев“ се приклучија на Денот, со тоа што учествуваа во локален мировен марш и делеа пораки низ општината Карпош. Заедно со нив беше и нивната професорка од мировниот клуб – Елвира Мустафа.
Тие порачаа: „Мирот е бесплатен“.
Настанот беше инициран од Прва детска амбасада Меѓаши.