Акција се случи во Делчево, каде членовите на Клубот за младински активизам на МОФ заедно со нивни врсници цртаа мурал на тема „Заштита на животната средина“, покажувајќи ја нивната креативност на дело.
„Муралот има за цел не само да го разубави градот, туку и да поттикне разговори за одржливите животни практики и да инспирира други еко-акции кај останатите млади. Преку уметност, тие ја покажаа моќта на колективната акција во поттикнувањето на позелена, поживописна заедница за сите“, велат од МОФ.
Освен членовите на клубот на МОФ, акцијата ја иницираше и организацијата „Жена Делчево“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности во партнерство со „Ромалитико“ и проектот „Заедно за просперитетна заедница“.