Во општина Босилово се реализираше младинска акција со фокус на заштитата на животната средина и природата.
Младинска иницијатива беше изведена во сите населени места во општината, вкупно 15 локации низ целото подрачје, каде што се вклучија повеќе од 100 млади ентузијасти.
„Заеднички, успеавме да собереме преку 1.000 килограми пластика, која беше предадена на соодветен правен субјект за рециклирање. Секој граѓанин кој донесе пластични шишиња беше награден со саксија украсно цвеќе“, информираат од Младински образовен форум (МОФ).
Од таму упатуваат благодарност до сите кои го поддржаа овој напор, а воедно се надеваат на уште поуспешни акции во иднина.
Локалната младинска акција е на иницијатива на група на млади од општина Босилово, а имплементирана во рамките на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од Фондот на Обединетите нации за градење мир што го спроведуваат УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UNWOMEN.