[Фото] Мултимедијален настан „Спознавање“ во МКЦ Битола

Најновото петто издание на младинското културно списание „Спознавање“, проекција на три краткометражни филмови, базар на млади креативци и два концерти се случуваа минатата сабота (9 ноември) во Младинскиот културен центар – Битола.

На базарот учествуваа „Лом Лабел“ (алишта), Емилија Трајковска (фотографии), „Урбаниум“ (литература), „Спознавање“ (списанија), „Луна Адитеја“ (алишта), Бојана Исијанин (фотографии), „Пондер“ (литература), „MM Creations“ (рачна изработки), „Партизанска Штампа“ (плакати), „Словокулт “(литература), Изложба – 2nd cycle (ламби) и други.

Проекциите на филмовите беа во соработка со Младински филмски фестивал.

Настанот продолжи со концертот на Огнен Златанов и Теа Шалдева со нивниот груб и мрачен, еволуиран пост панк звук кој ги обединува годините посветено изучување и изведување најразлична музика во карактеристичниот, современ и длабоко интимен израз по кој се истакнува нивната авторска музика.

Последни настапија групата „Алембик“ кои за првпат се претставија пред битолската публика со својата авторска музика која е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку алхемиска игра со музичките елементи.

Настанот се одржа во рамките на проектот „Урбана Агенда“.