Со балкански рап и енергичен настап, Војко В синоќа ја отвори вечерната програма на главната сцена на Д-Фест.
Веднаш по него македонскиот рапер Страјк ја освежи публиката и ја загреа за енергичните звуци на маестрата на електронската музика кои следеа: Офенбах и Кирил Џајковски.
Илјадници посетители играа неуморно, дури до 3 часот по полноќ.
Оттаму забавата се префрли на Lake Awake сцената каде со звуците на транс изведувачите Trianglum, Forma, Captain Hook и Djantrix се дочека изгрејсонцето на дојранската плажа.
Првиот фестивалски ден започна со јога и музика уште од 10 часот.
Шаренилото од шатори се зголемуваше од час в час, а сите со нетрпение го чекаа почетокот на музичката програма.
Во меѓувреме, разни активности ја одржуваат атмосферата позитивна и загреана низ кампот.
За повеќе информации за фестивалските денови следете го нашиот Инстаграм профил.