Викендов се одржа првата интернационална конвенција за тетовирање во Скопје – „Skopje Tattoo Show 2023“.
На конвенцијата присуствуваа над 50 интернационални и балкански артисти кои ја покажаа уметноста со бои во различни техники и стилови. Натпреварувачите се натпреваруваа во повеќе категории и во двата дена беа прогласени победниците во соодветните категории.
Победници од првиот ден беа: Дамјан Клинчаров најдобар во категоријата мала тетоважа, најдобар во заздравена тетоважа беше Срѓан Цетник и најдобра за првиот ден беше Јоана Фаферко.
Вториот ден се доделија награди за најдобра црно-бела тетоважа која замина кај Зоран Трајковски, најдобар во колор тетоважа беше Никола Стефановиќ, најдобар на денот беше Дамјан Клинчаров и наградата за најдобра тетоважа на конвенцијата ја доби Влатко Здравков.
За загревање на атмосферата се погрижија музичките уметници како бендот Shugarfree, DJ Goce и DJ Strajk, но и многу други. Свое предавање имаше и м-р Ивана Хаџиманова, психотерапевт со долгогодишно искуство во областа на менталното здравје на темата „Под површината: Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност “, додека нашиот познат уметник Михаил Курбин имаше своја изложба.
Организаторите велат дека првата „Skopje Tattoo Show 2023“ послужила како платформа за поврзување на заедницата за тетовирање и да изгради трајни врски помеѓу учесниците. Конвенцијата имаше и хуманитарен карактер, каде средствата собрани од влезниците ќе бидат донирани на децата на кои им е најпотребно.
Фотографии: „Skopje Tattoo Show 2023“