Плишано мече долго 19,8 метри е новиот Гинисов рекорд. Тоа е направено во Мексико и за него биле посветени три месеци непрекината работа.
Мечето беше претставено пред јавноста деновиве на фудбалско игралиште во Ксонакатлан. Но, за да го постават им биле потребни пет часа.
Ова плишано мече го надмина досегашниот рекорд на Дана Ворен од Канзас во 2008 година, долго 16,7 метри.